Дејгиди...

3D во политичката комуникација
Многу е напишано за тоа како се одвива политичката комуникација во Македонија, каква е состојбата со медиумите, кои се проблемите, кризите, автоцензурата, политичките притисоци, економските текови и слично. По куса дискусија на Твитер (ping @kenzoawa) дадов ветување дека ќе ставам „на хартија“ неколку пасуси за една димензија во политичката комуникација во Македонија која ретко се споменува, а има свое сериозно длабинско влијание.

На површина на нештата очигледно е дека бројот на (про)владини медиуми е многу поголем, што од политичко-сопственички поврзаности, што од рекламните колачи, а по нешто и од самолигавење на медиумите кои практично ѝ се додворуваат на власта во борба за привилегии и материјален бенефит. Критичките или про-опозициските медиуми се кутнати на страна, и иако знаат често да бидат доста бучни, очигледна е нивната сериозна поттиснатост.

Гледано од друг план доминацијата на владеачката политичка идеологија во изминативе 5-6 години се должи и на една прикриена комуникациска димензија која е речиси целосно отсутна кај опозицијата. Се работи за повеќеслојноста на пораките кои владеачката реторика успева да ги истурка во јавноста, наспроти речиси „еднодимензионалноста“ на опозициската реторика.

Славој Жижек во својот документарец „The Pervert’s Guide to Cinema“ (2006) во делот на својата анализа на филмот „Psycho“ (1960) на Алфред Хичкок зборува за симболиката на трите нивоа на куќата на главниот лик, Норман Бејтс (Norman Bates), односно како тие ја пресликуваат трослојноста на човековиот субјективитет со терминологијата на Сигмунд Фројд: Супер его, Его и Ид. Со други зборови, приземјето е место каде Норман функционира како секојдневен лик и место кое го  отсликува неговото Его кое се обидува да ги помири Суперегото и Ид-от, потем првиот кат каде престојува неговата мајка, односно нивото на Супер его каде во дијалозите на линија мајка-син, Норман е постојано моралистички критикуван и преиспитуван (зошто правиш вака, зошто не онака, зошто не се грижиш повеќе за мјака ти, итн.), и конечно подрумот каде оперираат скриените пориви на главниот лик и каде завршува мајката односно нејзиното мумуфицирано тело.

Во споредба со оваа трослојност може да се каже дека владеачката реторика функционира на аналогни три нивоа: глас кој постојано се обраќа на Суперегото на колективитетот, глас кој е компромисното Его и оперира во сферата на секојдневната реалност, и конечно гласот на либидиналноста, т.е. Идот, гласот на поривите и страстите. Гласот на Егото е реториката која главно оперира околу говорот на Владата, службениот јазик на институциите, нивните соопштенија, пресови и слично.

Суперегото на колективитетот се канализира преку реториките на одредени општествени актери (на пример Светскиот македонски конгрес, различните организации на дијаспората, итн). кои зборуваат од позиција на „над-колективитетот“, односно од замислениот пиедестал на етно-нацијата и нејзините врвни идеали и интереси (колку и да се тие далечни од самата реалност, но функционираат како надреден симболички поредок): една етнонација, една држава, нема преговори со противниците, секој компромис е слабост, законот на етнонацијата треба да се прифати беспоговорно, а ако не ти е прифатлив треба да се отселиш од светата грутка на етнонацијата, итн.

И конечно, третата компонента, е „реториката“ на Идот, на колективната страст и скриените пориви кои претходниве не можат да си ги дозволат да ги практикуваат. Тоа се оние либидинални изблици кои го допираат Идот на колективитетот, она што другите не смеат да го кажат, помислат или направат, но самата вербализација угодува и врши компензации или дефрустрирање од секојдневието. Овде се оние реторички елементи од типот „гасни комори“, „клети Шиптари“, аламиленко изблици во стилот „тоа предавниците треба све да се обеси на плоштад“, и сл.

Комуникациски тие се одделни, но ко-функционираат, што плански, што импровизирано, во еден трофазен комуникациски процес. Показ за тоа е што и самите тие како актери свесни за својата наизменичност никогаш нема да се спротивстават едни на други или да се осудат меѓусебно, дури и кога Претседателот на државата ќе се најде во редовите на навивачите кои упатуваат екстремистички пораки.

Ако споредиме со владеачката реторика во албанската заедница, постои слична трослојност на ниво на Супер его, Его и ИД. Супер егото го отсликуваат субјекти од типот на организации кои се залагаат за „Илирида“, федерализација и слично, односно за отфрлање на секакви компромиси со другите заедници, потоа политички-коректниот дискурс на владините функционери насочени кон интеграции, соживот, унитарност, и конечно екстремистичката реторика на навивачките групи на слична линија со македонскиот реторички екстремизам. Опозицискиот глас тука е совладан од еден специфичен фактор на доминантен монопол врз патриотизмот кој го има владеачката албанска страна произлезена од ОНА.

Назад кон првичното ниво: опозициската реторика не успева да се противстави на оваа трослојност и главно се канализира низ политичката реторика на своето Его, односно политичкиот говор на партиите. Таму каде доминира Суперегото на владеачката реторика која практично го монополизира патриотизмот, опозицијата не успева да консолидира некакво свое Супер его. Противодговорот на монополот врз патриотизмот од владеачките партии, беа опозициските обиди за монополизација на про-европеизмот, но засега обидите тоа да се развие во ефектна реторика (т.е. комуникациски функционално Супер его) беа прилично скромни и бедни. Додека владеачкиот Супер его прави лом од европеизмот, опозицискиот дискурс останува збунет и нуди некакви бледи форми на материјални интереси со ЕУ и безбедност во рамките на НАТО, но тоа е прескромно и воопшто не функционира на ниво на симболички поредок. Додека владеачката реторика го јакне своето Супер его преку засилено поврзување со теолошкиот симболички поредок, во исто време се раштрафува битен дел од опозицискиот симболичко- идеолошки инвентар, односно се истиснува антифашизмот од јавната сфера. Иако го зема европеизмот како свој симболички елемент, опозицијата не успева да го развие на ниво на идеологија, односно да го одбрани од агресивната идеологија и конкурентното Супер его на својот противник.

Ид-от пак исто така останува главно надвор од досегот на опозициските реторики. Она што како Ид-оцентричен дискурс функционира во општеството, а тоа е еден вид либерал-атеистичко-хедонистички говор, засега плута низ комуникациската сфера без некаква ефектуизација во политичката комуникација. Толку отсуствува таквиот Ид од опозициската реторика што на пример кога во јавноста ќе проциркулира про-опозициска ала-Ид изјава „спомениците треба да се раштрафат“, станува појасно колку таквата порака зјае и колку опозициската реторика практично нема комуникација која може да допре до емоциите на колективот. Таа смета на колапс на владеачкиот Ид и последичната катарза која треба да ѝ заврши работа, но практично нема одговор за него, речиси никаков свој емотивен пандан. Ваквата поставеност на несопоставување има доста негативни последици, бидејќи доминацијата на владеачките дискурси и реторики води прво кон нивно интензивирање и екстремизација, особено во време на кризи и фрустрации на колективот, и конечно кон неизбежното самоуништение во моментот кога ќе стане свесна за сопствената самодеструктивност или кога ќе сфати дека на другата страна нема некаква закана.

Би привршил со познат афоризам кој ја потврдува теоријата за влијанието на Супер егото, Егото и Идот во политичката комуникација, и кој гласи: „Секоја влада има три фази: прво е подобра од претходната, потоа е иста како претходната и на крај е најлошата што земјата ја имала“. Во првата фаза владеачката реторика ја гледаме низ Супер егото на колективот и идеалите кои ќе успее да ги разбуди кај нас, потоа ја гледаме низ призма на Егото и колку таа успева да ни ги разреши секојдневните фрустрации, за да конечно соочени со тоа дека владеачите не успеале да не ослободат од сопствените фрустрации (а ретко кому успева), преминуваме во Ид фаза и почнуваме да чувствуваме одбивност, омраза и инает.

За медиумската фасцинација
Бедови, бедови

Медиумите се чудна работа, благо кажано. Но, тоа е така затоа што луѓето својата слободна волја ја насочуваат кон чудни и ирационални постапки. Медиумите не се проблемот, луѓето се проблемот, медиумите се само огледалото, а ликот во огледалото, тоа сме ние. Медиумите се само материјалната компонента, нас нè плаши сопствениот лик отсликан во медиумите, ние сме ликот на Анти Нарцис…

Но, да не должам, да прејдам на проблемот. Прашањето, поттикнато од клучните проблеми кои нè притискаат, е следното: зошто во медиумите доминираат примитивистички теми од типот: насилство, вербална и физичка агресивност, вербална и визуелна вулгарност, злонамерна и деструктивна пропаганда?

Во најчитаните и „најинтересните“ вести додека ги пишувам овие редови беа изживувањето врз телото на убиениот американски амбасадор во Бенгази (Либија), вулгарни навреди на локален водител во врска со несреќен случај во семејството на уредник во друг медиум и тангите на една пратеничка. Ах, да, тука беа и неколку редовни колажни теми од типот каде Станија и Сораја ги прикажале своите предници и задници (ако не знаеш кои се овие ликови, сметај се за тежок асоцијален случај и побарај стручна помош), како се практикува сексот во затворските установи и зошто Вардар е најдобриот одговор за секој посериозен проблем во твојот живот?

А шо се дешаа у ствари?

Проблемите со кои се соочуваме се сложени и наталожени со време, низ постапни промени во свеста, културата и комуникацијата во заедниците во кои живееме. Одговорите на овие прашања се тешки, уште по-постапни и најчесто многу болни, и наликуваат на лупење кромид, слој по слој. Да се обидеме да го излупиме нашиов кромид, без да исплачеме премногу: Медиумите се нервниот систем на општеството, низ нив циркулираат информации и содржини кои ја сочинуваат колективната свест на општеството. Медиумските содржини се аудиовизуелна рефлексија на колективната свест на заедницата во која делуваат. Заедниците варираат во своите форми, политички, етнички, јазични, итн, и се платформата врз која се одвива комуникацијата односно, размената и дистрибуцијата на информациите.

Во вакви рамки, медиумите повеќе не функционираат во доменот на некакво „позитивно рационалистичко јавно мнение“, кое подразбира политички коректни, корисни, афирмативни, информативни содржини, туку се електронски кванташки пазар на сè она што е присутно во општеството. Ништо повеќе не е, и не смее да биде скриено, нема сцена и зад сцената (via Жан Бодријар), сè е тука на купче. Со еден збор, медиумите повеќе не аспирираат да бидат супер-его на нацијата или општеството, за тоа како треба да се води животот, туку се прилепени кон нејзиното хардкор его. Тоа е клучната промена во денешните медиуми  со оние во, да речеме, 80-те. Медиумите тоа успеаја да го наметнат преку „кодот на реализам“ (сè е тоа реално, се случува надвор, јас само ти го кажувам) и секако по принцип на квантификација: толку многу медиуми има, што за нешто мора да се пишува и говори. Исчезна завесата и останавме изложени на „реалноста“

Нова хит серија: „Ветриштата на реалноста“!

Во ред ако завесата, или филтрите, ги снем(ув)а, зошто тогаш реалноста добива вакви антицивилизациски форми? Зарем некој очекуваше таква доминација на медиумскиот примитивизам во 21-от век? Штосот е следен: филтри има, многу повеќе од порано, а реалноста (зборувам за медиумски посредуваната „реалност“) е наменски изрежирана. Како во најдобрите реални шоуа во која режисерот бира од спонтаните нережирани сцени на што ќе ја насочи камерата, каков впечаток ќе ви наметне, како ќе го исконструира ликот на некој учесник (што ќе влијае клучно врз тоа дали ќе гласате за него или против него), така и медиумите, во гро план, селектираат, селектираат, филтрираат, филтрираат, и креираат „пореална медиумска реалност“. Таа ве убедува дека е пореална од претходните реалистични медиумски форми, просто затоа што е поинаква и дава импресија на непосредуваност, т.е. директно ве изложува на неа. Но, во суштина тоа е прекодирана, селектирана, планска, наменска, конструирана реалност.

Оти бе сево ова, оти?

Ок, кој е штосот па тука, на ова трето, четврто ниво на кодирање на „реалноста“? Нема лесни одговори, па така и следниот е само обид да ви ги приближи истите. Мејнстрим медиумите станаа еден вид „психоаналитичка нагонска кутија“. Тие не се комуникациски средства кои наоѓаат или оформуваат информации и ви ги пренесуваат, туку произведените или достапните информации ги користат да ги менаџираат нагоните на својата публика. Се разбира, нема да паднеме во стапицата на пре-генерализацијата, функционираат и медиуми кои оперираат на ниво на трансфер на информации, но најдоминантните, „највлијателните“, работат на чистиот нагонски модел. Информација, не заради информаци, туку информација како инструмент за нагонски стимулации.

Денешната информација нема за цел да ве информира за нешто и да го збогати вашиот интелектуално-когнитивен капацитет, туку е така одбрана да ве погоди во „нервните чакри“, да ве стресе, да предизивика реакција и да биде што „помоќна“ токму во овој дел: да функционира како некаков струјно-електронски удар врз свеста на публиката. Информациите се само носител на овој информациски напон. Ваквото менаџирање на „информациската моќност“ е доминантната цел на медиумите кои во нив гледаат добитна формула за гледаност, читаност кои потоа се рационализираат и квантифицираат со цел да бидат објективни аргументи за привлекување рекламни средства, политичка подршка, и слично.

Колатерална информација, нагонскиот рецепт е преземен од маркетингот и сè она што како завештание ни го остави еден мрачен лик под име Едвард Бернес (Edward Bernays). Накусо кажано, тој е првиот кој се досетил психоанализата да ја примени за рекламирање и маркетиншки цели, односно да цели кон нагоните на потрошувачите преку „сложени“ трансформации и компензации. Психоанализата и бихејвиоризмот се основата на оперативната логика на денешниот медиумски бизнис.

Џоа заклучоци

И тука пак се враќаме на нашите дневни страданија. Сето она што ни се сервира, колку и да се обидуваме преку бунтување, критикување, исмевање да го смениме или некако да влијаеме врз него, останува во делокругот на истиот продукциски режим: медиумско менаџирање на нагоните на нацијата. Она што ги обединува Станија, Сораја, Миленко, Џена Џејмисон и Слупчане е информациската стимулација на нашите нагони, без разлика дали се тоа нагони за секс, сигурност, припадност, и така натаму (видете таму, прогуглајте Абрахам Маслов, сега не можам па и јас се да знам  ).

Ефекти на медиумска реалност

Кога ќе прочитате за „таблоидизација на медиумите и политиката“, тоа е само академизиран начин да се отслика засилената доминација на информациско-нагонскиот модел. Информациските стимуланси психолошки ги доживуваме како фасцинација, еден вид стаписаност пред медиумите и „Whatttааа?!?“-ефект. Денес не може ништо да биде вредно за нашето внимание ако не е фасцинантно на некој начин, мора да се исфасцинираме, инаку е „боооринг!!!“. И сега бидејќи е многу потешко да изведеш нешто фасцинантно од типот троен колут наназад, а многу пак полесно, и со сличен фацинаторски индекс, да уринираш на јавно место, станува малку од малку појасно зошто доминираат вакви бизарно-примитивистички работи во медиумите. Сè се тоа рутинизирани формули за привлекување внимание и наше емотивно цедење врз нив, а најголемата грешка е да сметаш дека се одвиваат спонтано и, ете така, случајно.

Кога ќе размислам, веројатно најстрашниот процес кој се одвива е преземањето на ваквиот инфомациско-нагонски модел во политичката комуникација. Во земјите каде нема посолидна рационалистички ориентирана политичка култура и плуралистичка традиција, нагонскиот модел ја монополизира политичката комуникација и станува единствена формула за политичко однесување. Сè во политиката се сведува на два клучни нагони: безбедност, т.е. припадност, и омраза. Се работи за тешка ретрибализација и примитивизација на политичката сфера, која е, внимавајте, „успешен модерен модел на политичко дејствување“ и тоа само затоа што користи ТВ реклами и се пласира на интернет (жити, жити сè?!?), а тоа што користи тежок манипулативен бихејвиоризам, нема врска. Последиците од ова се многу сериозни, но да не се зафаќаме премногу со политика, оти за неа има посебен круг во пеколот, како и за оние што пишуваат за посебни кругови во пеколот, како и за оние…и така редум.

Шизофренија и параноја
Многу ретко гледам телевизиски вести и главно се инфомирирам преку интернет, иако многу пробирливо. Во бирањето што и колку да следам се потпирам на стекнатото искуство, како и на препораки на вести на пријатели и контакти од социјалните мрежи кон кои сум развил доверба.

Има многу причини за постапното дистанцирање од домашните медиуми, но најдиректната е што медиумите кај нас станаа вулгарни и агресивни пиар агениции на партиите (има малцинство на оние кои добро си ја работат работота, но од врескањето на гореспомнатите, нивниот глас најчесто е задушен). Телевизиските вести пак се ништо повеќе од платена политичка програма. Етер и магла.

Бидејќи парите и моќта доминантно се под контрола на власта, мнозинството од медиумите „природно“ е завртено кон неа. Мене искрено не ми се слушаат фалоспевки за власта, која и да е, тоа ми е некако премногу севернокорејски и комуњарски. Се нагледавме такви вести во претходната држава, па сите видовме кај отиде. Ако нешто е сработено во Македонија како треба, веднаш ќе се забележи, не е потребно спин-докторите да ми го продаваат тоа во вести или по весници сто пати на ден. Мислам, сепак Македонија не е Кина, во која треба нас од главниот град некој да не инфомира што е направено во некоја забиена провинција.

(Про)владините дневници се со наративна структура која не се разликува од жанрот на филмските серии: легија храбри министри во борба против Злата на денешницата. Од една страна суперхероите министри и директори во борба против предизвиците на македонската денешница: криминал, корупција, инвестиции, реформи, градилишта…И тоа се врти во бесконечност, па „интелигентно“ ќе шлапнат по некоја секунда опозициски пресови и активности (демек да не сконтаме пристрасност и дека не сме ние Кина, or something). Разликите помеѓу фиктивните филмски серии и вестите бледнеат.

Но, за нивна жал, реалноста е најчесто во сериозен расчекор со утописката слика за неа.

Од друга страна реалноста е во расчекор и со хистеричните опозициски настроени медиуми. Ако се навлечеш на нив и нивната перцепција на реалноста можеш да развиеш сериозна невротичност и агресивност. Бидејќи власта диктира жесток ритам на пропаганда, и тие трчаат и се обидуваат да контрираат. Хаус.

Ако се обидеш неутрално да прифаќаш од двете страни информации набиени со програмирани високоемоционални реакции, веројатно ќе развиеш некоја хибридна болест од типот на шизопараноја.

Ретко, многу ретко во вестите се јавуваат теми и содржини кои се од општ јавен интерес за граѓанинот од кој тој непритиснат од пропаганда може да изгради свој став или да се информира без да попие пропагандна „чивија“.

Она што не се забележува површински или дневно низ оваа „политичко-медиумска борба“, а постапно влегува под кожа, е развивање нездрав однос и перцепција кон реалноста, но и кон општеството во кое живееме. Се врши силна пресија врз јавноста на прифаќање на две изместени состојби на умот: провладина шизофренија и опозиционерска параноја.

Шизофренијата која ја наметнува едната страна треба да ги помири конфликтите помеѓу светлата медиумска реалност и сивата реалност која директно ни се потврдува секојдневно. Како сериозно да ги сфатиш таквите содржини ако малку малку по малку не усвоиш шизофрен приод кон реалноста? Патишта со дупки, шалтерите неефикасни, казните превисоки, правдата и законот селективни, грото пријатели невработени? Нема врска, илјадници и илјадници денари и евра се вложуваат во патишта, на кои ти никако да се погодиш, фантастични системи на заслуги и казни за администрацијата, докторите, полицијата, само тебе никако да ти се погодат тие супер-професионални доктори, шалтерски службеници, полицајци, инвестициите стигаат, нови вработувања, ама никако да ги почувствуваш или да се вработи некој чесен што го знаеш. Затоа, да живее провладината шизофренија.

Од друга страна паранојата од страна на (главно маргинализираните) критички медиуми те поттикнува на најмал проблем да реагираш хистерично. Готово, крај на светот, I don’t wanna live on this planet anymore. Оставки, пресови, скандали, пак пресови, контра-пресови. Хаус.

Низ клатењето помеѓу овие два пола се губи рационалноста, здравиот однос кон јавното и колективното, како и почитувањето на Другиот, различниот. Преку клиентелистичките медиуми партиите успеваат своите интереси и разлики да ги преточат во јавната сфера, но по многу висока цена: сеење раздор и омраза кај граѓаните. Негативната енергија доминира, се преточува во нетрпеливост и агресивност кои ги убиваат толеранцијата, почитувањето и дијалогот, кои се основи на демократијата и на мултикултурализмот. Со еден збор раштимуван оркестар и нефункционално општество во кое никој никого не почитува, макар како човечко суштество.

И потоа се чудиме кој ги уништил соларните полначи за мобилни на плоштад, од каде таква агресивност на стадиони, по автобуси. Кој сее омраза, ќе жнее деструкција.

А не ни треба деструкција, нели треба да ја градиме иднината, да ваќамо свет, да ваќамо Европу?

Ретросимулации
Јanuary 14, 2009

Со теоријата за античко потекло на македонскиот етникум за прв пат се сретнав во веќе дамнешната 1993 година, поканет од средношколски другар во салонот 19.19. Се работеше за дебата на Друштвото за античка Македонија во која проминентна улога имаа Васил Иљов и Вангел Божиновски. И двајцата се луѓе од архитектурата, колку јас се разбирам во нивните јавни персони. Хајлајт на вечерта беше еден вид егзибиција на самиов Васил Иљов кој пред бројната публика читаше од некои де факто хиероглифи како од букварче, потенцирајќи дека тој во тие предантички записи всушност декодира словенски слогови за кои тој тврдеше дека се македонски прајазик од кој се развиле сите други јазици. Да ја наречам теоријава е дека светот настанал тука негде помеѓу Шар планина и Демир Капија, цирка, па од тука се ширел насекаде, слично како што е објаснето во скоро емитуваниот спот на јавниот сервис.

Како лингвист можам одговорно да кажам дека се работеше за смешна импровизација. Сум видел наука, но ова немаше врска. Подоцна прочитав и неколку книги кои произлегуваат од ова учење главно потпишани од Едни Македонци, а самите книги можат да се најдат по книжарниците во Скопје. Јас сум горд сопственик на една од нив земена во Табернакул. Мислам што да ти кажам, примерите се следни: Одисеј е македонски збор и во неговта етимологија стои експликацијата дека Одисеј бил земјоделец кој „ОД-ел И СЕЕ-л“ (>Одисеј), Пиринеите водат потекло од Пирин, зборот Европа доаѓа од македонското Е-ВО-РОП-ство, од митот дека Европа била грабната од Зевс и ставена во ропство. И слични примери.

Но, да не иронизирам надвор од рамки на чесни мотиви на добронамерен чоловек. Сума сумарум, можам да кажам, дека се работи, благо кажано за теорија, еден вид етно-политичка теорија за потекло на еден народ и тоа е. За мене самава теорија е на рамниште на етно-митологија, на која секој народ има право под услов да е општо усвоена и да има некаков консензус околу неа. Јас лично не верувам во нејзината издржаност, засега научни докази нема, и логички ми е неиздржано во историски хиатус од цирка десет века генетско-културолошкиот материјал да биде пренесен од еден врз друг народ, така исцело кога во тие периоди повеќе се воделе војни од љубов и луди промискуитетни журки во кои се мешале генетските материјали. Сѐ друго треба да биде предмет на научни истражувања, а некаква дебата на вон-научна основа е прилично тресење плевели. Не мислам никого да убедувам во своите уверенија, но барам и никој другото да не го прави врз другите без цврсти покази и докази (ала псевдо-интелектуалниве нарации на Мирка Велиновска). Стварно не ме интересира надвор од овие рамки, еве Том Круз верува дека води потекло од Вонземјани, и сега оди ти докажи го тоа или докажи дека не е така? Тешко. Топло препорачувам неколку текстови од Развигор на оваа тема, пишувани во раскрил од неколку месеци на неговиот блог. Проблемот настанува кога ваквите теории стануваат инструмент за некои други работи.

За сите оние што мислат дека се работи за еден ептен секси и возбудлив момент од историјата на овие простори веднаш да кажам дека се работи за репетитивен процес присутен кај сите (повторувам сите) народи на Балканов, со децении, па и векови наназад. За делот од текстот подолу се користев од слeдниве извори: Ранко Бугарски (Jezik u društvenoj krizi, 1997), Ivan Čolović (Politika simbola, 2000), Raoul Girardet, Politički mitovi i mitologija, 1986.

Митологизираниот говор и митологизација на политичко-општествената комуникација се одликува со преместување на фокусот од реалниот живот и реалните проблеми на луѓето (на пример кај е Атила Сендреј?) кон архаичните наслојки на колективната свест и народното паметење (види спот на Милчо кој свесно или несвесно стана едно-вечерен диџеј на оваа штетна митологизација на денешницата). За тоа се користат силни метафори (на пр. Александар Македонски) со цел митската реторика да се о-природи (натурализира) и стане природен дел на општата комуникација. Митологизираниот говор не се обраќа на денешницата чија грда слика (на пр. немање струја во главен град во 21-век по 4 дена редум) се обидува да ја забошоти и избледи, туку се обраќа на „златното минато“, како идеализирана, утописки конотирана, ера или доба. Вакви тенденции се среќаваат кај сите народи во регионов, преку историско-митолошки нарации, на пример хрватскиот „tisućljetni san“, српските „косовски мит“, „светосавскиот мит“ (конгломерат од следниве митови: царство небеско, величење на смртта, жртвување, култ на водач, учител…), грчкиот мит за прото-европска цивилизација од која сѐ потекнува и сл.

Еден од првите зачетоци на оваа национална митоманија историчарите ја датираат во 19-от век. Во своите први форми тие се еден вид комбинација на етничката исконска старост (култот на антиката) и космичката уникатност и вонредност (види спотот Македонска молитва). З. Кулунџиќ во својата „Knjiga o knjigama“ (1957) го наведува следниот пример: „Во Белград во 1897 извесен Сава Витас објавува книга под наслов Миши (од Мисир, Мисирци /тур./, со значење Египќани) во која тврди дека старите Египќани биле Срби. Во воведот авторот наведува „Srpska je ruka to čudo (piramide, hijeroglife) stvarala, ne dam naše!“…До тој заклучок дошол забележувајќи, самоизмамувачки, гусли крај Сфингата, Како ниту еден друг народ немал гусли, Витас заклучува дека тие се Срби. Потоа тој деривира разни етимологии (види погоре кај Едни Македонци) од типот Бедуини доаѓаат од српскиот збор „бедни“, Суец (Суецки канал) оц српското свез, веза, и сл. Дневниот лист „Политика“ во 1932 го прогласува Витас за „наш (српски) Шамполион“.

Сето ова навраќање има за цел да иницира еден колективен восхит и чувство колку тоа доба било добро. За да се врати тоа доба треба да се положуваат жртви (Ти си Македонија, само од тебе зависи), да се спречува континуирано „белата чума“ (поттикнување многудетство), сите проблеми се наметнати од надвор и немаат никаква основа ни причина да бидат барани во сопствените редови (кои затоа што се исконски и антички автоматски се безгрешни), ширејќи манихејски поглед на светот (добро-зло, херои-предавници и сл). Столб на овие процеси е култот на лидерот (види пастир во свеста на некои новинари), кој треба да го консолидира колективот во состојби и традиција на слаба демократија (отсуство на силни поединци) и отсуство на правна држава (еднозначна вредност и праведна примена на законот и правото, слаби институции). Сѐ се тоа механизми за митологизација на реалноста, која репетитивно се применува сѐ додека не стане природна, вообичаена и неизбежна затоа што наводно произлегува директно од народот и од неговиот дух кој е потиснуван и инхибиран сѐ досега.

Историски гледано се работи за реторички трикови, кои во различни форми се применувани, и се применуваат, претежно на европска почва, посебно на Балканот, но и пошироко. Техниките на митологизација на реалноста, практикување на т.н. „жаргон на автентичноста“ (поим на Т. Адорно) во ликот на повторувачки реклами и мотоа, поларизација на различностите преку дефинирање на херои и предавници, култ на лидер и другите набројани се столбови на таквиот процес на ретроцентрични проекти со најчесто профани мотиви, затскривање на вистинска реaлност или континуирано одржување на некакво статус кво.

Либерализам и Македонија
Неколку паралели за тоа кои се начелата* на денешниот либерализам и како се тие приопштени во Македонија:

Начела на либерализмот:

1. Општеството е организиран, саморегулативен механизам. Тоа е збир од рационални поединци насочени кон своето унапредување.

Реалност: Општеството е механизам контролиран од политички оформени ентитети (партии). Тие ги контролираат политичките односи (институции, органи, организации), политичкиот говор (медиумите) и поединците кои учествуваат во општествениот живот. Целта на секој поединец треба да биде приклонување кон некој колективитет кој ќе го штити и ќе ја одредува неговата судбина. Сопственото унапредување е непотребно, колективизмот е приоритетен. Партиите не се во функција на државата, државата е во функција на партиите. Партократија за сметка на функционална држава и слободни граѓани.

2. Живееме во општество во кои сите се слободни и еднакви пред законите во кој трудот, напорот и талентот се наградуваат соодветно.

Реалност: Живееме во општество во кое поединците се слободни да талкаат по маргините на општеството и додека не го предизвикаат системот и превласта на партократизмот. Законите претставуваат санкционен систем против непослушниците, политичките противници и економската конкуренција. Напорот и талентот се непотребни во системот на клиентелизам, односно подвлекување на оние кои имаат моќ и ингеренции во земјата, и приврзување кон системот на „врски“ кој владее со општеството.

3. Класите постојат затоа што е потребно да се извршуваат различни функции во општеството, а движењето и менувањето помеѓу класите е совршено можно.

Реалност: Единствена класа која се диференцира е политичката класа која ја управува реалноста и општеството. Бизнис класата е подредена или прирасната кон политичката класа. Останатото е гласачка класа која преку давачки во гласови, даноци и казни треба да го одржува овој систем.

4. Поединецот ја користи државата како чувар на општеството, со што се обезбедени основни услови за економски развој и индивидуалните слободи.

Реалност: Државата го користи поединецот за да ја практикува својата моќ врз него и да обезбеду економски развој и слободи на политичката класа.

5. Еднаквоста на мажите и жените значи еднаквост во можностите во сите пазарни и плурални активности во општеството.

Реалност: Доминантноста на мажот е неспорна. Женските специфики и разлики се инструментализираат ако тоа го зајакнува воспоставениот систем на односи и општествени пракси. Жената треба да е далеку поспособна од мажот за да добие минимална предност над него во самото општество.

6. Моќта ѝ е позајмена на државата низ општествен договор (изборен систем) кој е склопен помеѓу поединците и државата.

Реалност: Моќта е во рацете на државата и партократските ентитети кои ритуално ја репродуцираат преку изборниот систем.

7. Улогата на масовните медиуми е да обезбедат точно и доверливо информирање на поединците врз основа на која можат да се донесат резонски и корисни економски и политички одлуки. Медиумите мора да ги почитуваат правата на поединците, со медиумите не смее да управува државата.

Реалност: Улогата на медиумите е да убедуваат, а не да информираат. Тие го диктираат политичкиот говор и јавната агенда која е во прилог на партократските ентитети. Алтернативни точки на говор, агенда или отпор веднаш стануваат цел на дисквалификација, оцрнување и јавно жигосување на поединците. Државата управува со медиумите преку контрола на сопствеништвото, уредувачката политика и текот на финансиите.

*Начелата се цитирани според Coates, D (ed) 1990, Traditions of Thought, Society and Social Science Print.

Incompetence Overload
Со години седиме и гледаме како способни луѓе одат надвор (со чесен исклучок на амбасадорите), а неспособните преку семејни, партиски и корпуциски врски запоседнуваат важни позиции во земјата: од општински до државни јасли, од банки до амбуланти. И процесот тече, способните аут, неспособните ин, способните аут, неспособните ин…и така натака додека не се достигне критичната точка од која нема враќање: резултат – колапс на системот.

Едноставно премногу неспособни запоседнуваат важни позиции за кои се потребни способни и вешти луѓе, а ова како водечки принцип важи за позиции кои досегаат од врвот на државниот апарат, сè до теткицата на шалтер која мене и група од десетина сојадници нè подложува на тест налик од „Survivor“ реалното шоу (кој издржи исправен да не колабира, победил во играта).

Тоа е тој „incompetence overload“ кој си го дозволивме и немушто му дадовме подршка.

Повратни писма
Неколку години наназад сведоци сме на една позачестена пракса политичарите, т.е. носителите на јавни функции, да праќаат писма по повод некоја за нив важна пригода или повод. И додека во светот писмото како комуникациска форма најчесто се користи за честитки и сочувства, во Македонија тоа доживува своја интригантна ревитализација која има посебна заднина вредна за испитување.

Писмото во политичката комуникација на Македонија стана посебна форма, односно медиум, во која една страна (нашата) треба да се пожали за нешто или да упати отворена критика кон некоја друга страна. Наместо да се користат вообичаените канали и форми за дипломатска комуникација, писмото го презема бремето на еден релативно покомплексен комуникациски феномен. Неколку очигледни функции на истото:

Писмото добива улога на акумулатор на фрустрациите на домашните политичари од неможноста да се справат со проблемите кои им се паднале за решавање. Како некој запис на разочаран љубовџија кого го откачиле, писмото станува белото врз кое треба да падне црното на општествено-политичката реалност, и врз кое оној кој пишува треба малку да си олесни на душичката.

Симулатор на некаков-си „аристократизам“, односно бароковиден инструмент и дополнителна форма за ретроизација на политичката реалност во Македонија. Писмото станува барок на хартија во рацете на носителите на политичките фунции во земјата.

Обид за поставување на соговорничка сцена и комуникациски чин, тогаш кога некој ве исклучил од одреден комуникациски круг. Писмата покажуваат дека земјата е комуникациски подбутната, а нашите великодостојници се обидуваат да го отворат каналот за комуникација. Афективноста во писмата ја сигнализира токму оваа позиција на соговорник кој сака да се наметне, откако бил исклучен од комуникацијата. Јазикот кој се развива во овие писма се шири и во други форми на политичката комуникација (изјави, интерјвуа, говори и сл.) и добива размери на еден, така замислен, „државничко-патриотски“ дискурс кој треба да биде глас на обесправениот кон неправедниците.

Конечно, се работи за една „комуникациска“ игра од типот „ти говорам ќерко, сети се снао“ во која оној на кој му се обраќате всушност е секундарен реципиент на пораката. Многу поважен е конситуациониот „сведок“ на комуникацијата, односно домашната јавност. Се работи за вкрстување во кое домашната јавност е главниот примател на пораките и која треба да се увери и убеди во нешто што стои во самите пораки. Формалниот примател на пораката и неговите реакции се надвор од интересите на ваквата комуникација. Писмата се на свој начин „бумеранг писма“ кои се праќаат за да се вратат дома и тука да ја извршат својата примарна комуникациска функција. Со ова надворешната политика себеси се сведува на прикриена внатрешна политика.

Трипл плеј
1. Македонија помин(ув)а низ еден тажен период на зголемени меѓуетнички тензии за кои многумина се сомневаат дека се дел од секакви политички и профитерски сценарија.  Ако политичките времиња се турбулентни, каде се тука медиумите?

Медиумите се во центарот на „кашата“. Наместо одговорно да известуваат, тие беа и упорно се клучни актери во билдање тензии, штитење интереси на своите политички спонзори, ширење омраза, индоктринација со негативни стереотипи, ширење шпекулации и така натаму.

Дискусиите кои се развија на оваа тема ретко беа повеќе страни. Острата поделеност на Македонија по неколку основи (политичка, етничка, верска…) повторно влијаеше критиките кон актерите и медиумите да бидат еднострани, површни, неискрени и секако неефектни. Наместо критиката да изнесе на виделина како нешто не смее да се прави, самите критики со ваквата поставеност (едностраност) само станаа дел од тензичниот вител (имав и една смешна епизода во која новинар ме повикува да ја осудам емисијата на Ефтов, додека тој самиот не смееше да крене глас против шовинистичките колумни објавени во Вечер и Дневник).

Нејсе, останува фактот дека медиумите се длабоко окупирани од политиката и простите партиски интереси. Во продолжение контрастивна анализа на трите најкоментирани прилози од нашите медиуми и кои од јавноста беа означени како „најхушкачки“. Проценете која од нив била најбрутална и која заслужува најголема осуда (мојата лична топ листа е 1. Вечер, 2. Во центар, 3. Дневник) [кликни open link in new tab за крупна фотографија со детали на анализата].

2. Втората дебата која се наметна на оваа тема беше „Маршот за мир“ одржан на 17 март. Иако иницијативата беше навидум едноставна, јасна  и благородна, се потегна прашањето дали треба да се подржи и учествува затоа што на него се придружија и „пропагандисти-хејтери…хушкачи на насилство и поттикнувачи на етничка, верска и други видови омраза“. Пост фестум оние кои учествуваа беа повикани дека „биле изманипулирани“ („садевте тикви со ѓаволот“, „вашиот марш им го „продадовте“ на сејачите на омраза“, „Во саботата, за жал, марширавте во една парада посветена на Иванов и на Груевски. Бевте изманипулирани“) .

Лично, во мојата скромна моќ на етичко и логичко расудување, граѓаните добронамерници не го заслужија обвинувањето. Може критика да се насочи кон медиумите и новинарите кои грубо политички го испинува маршот за собирање политички поени на носителите на власта, може да се обвинуваат одредени поединци и групи за дволичност и злоупотреба на маршот за самопромоција или залажување, но да се обвинат добронамерниците дека тие се првите за критика, навистина беше, благо кажано, неумесно. Секој може да земе или да не земе учество и да го каже тоа јавно, а причините можат да бидат издржани или не, но да се прогласува речиси за ступидна групата која  марширала е „out of line“. A ако граѓаните не излегоа дали критиката кон нив пак ќе беше „пасивните граѓани не се ни осмелуваат да го кренат гласот против насилството“?

Може да се дебатира на политички план кои се дриблањата и последиците, но не смее да се остане само на тоа. Да се каже не на насилството, по мене, беше далеку поважно. Ако наместо политички, ситуацијата ја читате етички, еве како би можело да се алегоризира целата ситуација:

Замислете во некое село избувнува пожар. Соседите стануваат да помогнат во гаснење на пожарот, затоа што од нивната здружена помош зависи дали ќе биде нешто спасено од куќите или не. Додека спасоносноата вода оди со кофи оди бргу од рака во рака во гаснењето на пожарот, неколку од селаните извикуваат: „Аха! Еве неколку од потпалувачите, лично ги видовме, се измешале со нас во гаснењето!!!“ Дилемата која се поставува е: дали во знак на протест што осомничени потпалувачи зеле учество во гаснење на пожарот (да прикријат траги или да соберат заслуги?), треба сите да кренат раце и да кажат „Screw You Guys I’m Going Home“?. Јас сум еден од оние кои вака би направиле вака: да се крене глас против хипокризија е важно, но не по цена да се прекине гаснењето. Поважно е да се изгасне пожарот, па би продолжил со гаснењето. По ова може да се премине во „фаќање на потпалувачите“ и задоволување на правдата.

Подемот на демократските фирми
In order to become the master,

the politician poses as the servant.

Charles de Gaulle

На неколку места во своите книги и интервјуа една од интелектуалните величини на нашата ера Ноам Чомски споменува дека една од најголемите заблуди на нашето време е дека капитализмот и демократијата се природни партнери. Не само што не се тоа во некоја задоволителна смисла, туку во многу нешта се сосема спротивни: демократијата цели кон задолволување на интересите на мнозинството, капитализмот го интересира само поединецот и неговиот личен профит, демократијата ја велича толеранцијата и соживотот, капитализмот себичноста и престижот. Во многу нешта капитализмот и демократијата се или сопоставени или целосно спротивставени.

Но, на Запад овој во суштина труизам, многу вешто се крие, и не е лесно да се раскринка заради силното влијание на медиумите и на политичките односи со јавноста. Кај нив, во поголем или помал степен, успева да се одржи каква таква „идеологија на демократизмот“, особено во САД и во т.н. „Стара Европа“, која почива на слободата на говор, правата на поединецот, политичките и врески слободи, и така натаму.

„Новите демократии“ произлезени од бившите социјалистички земји и делумно од азискиот свет, потешко успеваат да ја маскираат оваа подвоеност. Она што во почеток е срамежливо угледување и прелевање на двата пола, станува сé појасно дека прераснува во целосна доминација на капиталистичкиот елемент во овој „двоец“. Од една страна ним им е многу потешко да ја оживотворат во целост „идеологијата на демократизмот“ во средини и култури каде за нив нема позначајна традиција и вкоренети навики и вредносен систем. Од друга страна, економијата која е далеку од западните стандарди не успева да ги прикрие суровите капиталистички реалности од типот акумулација на капитал, тајкунизација, криминализација и корупција.

По иницијалните фази на „демократска еуфорија“ во која овие земји го глорифицираат правото на глас, плурализмот во политичкиот и медиумскиот живот, граѓанските слободи и слично, постапно се развива силен скептицизам и сомничавост кон начелата на демократијата и дали тие воопшто можат пристојно да заживеат во овие земји. Во ваков контекст носителите на политичките активности и самите партии во суштина стануваат целосно идеолошки соголени, а нивниот развој води кон една единствена можна инстанца: тие од политички партии преминуваат во фирми, односно компании.

Таква е состојбата и во Македонија: сеопшта симулација на идеологии од либерален, левичарски и десничарски тип, и целосна конфузија кој што прави и каде припаѓа. Целосна подреденост на политичкото кон економското, како во методите, така и во вистинските цели. Трендот на прифаќање на економските методи во политиката се пројавува поинтензивно во 90-те години од XX-от век во Британија, а Тони Блер се смета за еден од првите западни политичари кои ја довел до совршенство „политиката како бизнис“ (препорачувам делата на Adam Curtis, особено четвртиот дел од документарецот The Century of the Self – Eight People Sipping Wine in Kettering ).

Покрај лесно проѕирната идеолошката симулација, многу други нешта ја потврдуваат интерната логика на политичкиот систем кој функционира речиси целосно по економски закони и корпоративната логика, особено оние во власта кои преку инструментите на државата многу полесно можат да ги изведуваат сите овие активности:

-Партиите како завод за вработување: Партиите фунционираат како фирми чија примарна цел е вработувањето на оние кои ги одржуваат и подржуваат. Де факто, партиите функционираат како бироа за вработување. Единствената мотивација на политичкото ангажирање, од локално, до највисоко централно ниво, станува и останува „корпорацискиот интерес“ за искачување по скалилата на моќ и лично богатство.

-Пиар: Партиите функционираат како фирми чии односи со јавност се идентични со оние на фирмите и поголемите компании. Техниките на убедување и манипулирање се речиси идентични.Реклами, кампањи, пресови, инсценирани медиумски настани, огласи, сé се тоа методи кои воопшто не се разликуваат по тоа дали продавате сапуни или некој нов закон.

-Политичко-медиумски сојузи: За одржување на ваков корпорациско-политички систем медиумите се клучен фактор, и за тоа тие не смеат да бидат оставени да функционираат ненасочено, или целосно слободно, особено оние најгледаните и најтиражните. Ако соработуваат супер, ако не, тогаш ќе бидат ставени под различни форми на индиректен и директен притисок.

-Угодување на потрошувачите: Како што компаниите се трудат да им излезат во пресрет на своите потрошувачи, угодувајќи им на најскриените страсти и желби, така и политиката целосно се приклонува кон тоа да опита кои се отворените и скриените желби на гласачите (политичките потрошувачи, заб. ав.) и потоа да им понуди некоја симулирана форма за нејзино задоволување. Ве нервираат професорите или докторите кои земаат мито, се апсат неколку такви (иако системот не се менува баш и продолжува да опстојува), ве фрустрираат другите етнички заедници или вери, исценирајте медиумски националистички спектакли кои ќе ви дадат шанса да извикате тоа што „демек“ не се смее и веднаш ви е полесно на душичката. Јавноста е загрижена за напливот на дроги кај малдите, направи кампања за тоа. Врв на ваквиот приод на „подвлекување“ се контактните емисии по медиумите кои функционираат како ординации за психо-терапија или пак архтитектонски потфати кои ја преземаат улогата на забавни паркови кои вообичаено ги прават компаниите.

-„Преземање“: Во корпорацискиот свет познат е феноменот на „merging“, односно спојување на компании, или пак преземање на помали од поголеми компании. „Конкурентноста води кон монопол“, односно кога силните стануваат посилни, послабите кои ја губат конкурентската битка се принудени да се припојат кон посилните. Нивното место во системот ја губи смислата тогаш кога тие немаат никаков потенцијал да ги загрозат посилните од себе. Репрезентативноста, односно застапувањето на граѓаните тука целосно му отстапува место на принципот на приграбување на моќта.

На микро план има и редица други индикатори за целосното претопување на политичкото во капиталистичкото и за преминот на партиите во фирми, но за нив повеќе во некој друг текст.

Турбофолк: Made in MK
Турбофолкот најчесто се дефинира како музички жанр настанат на тлото на поранешна Југославија, првично на територијата на Србија во текот на воените деведесетти години од XX-от век. Од Србија бргу се проширува во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија, Бугарија и Албанија. Преку медиумите турбо фолкот се проширува и во деловите од Европа, Северна Америка и Австралија населени со жители со потекло од Балканот.

Овој музички жанр главно се одликува со комбинирање фолк музика и елементи на диско, поп или „dance“ музика создавајќи амалгам од навидум неспоиви или дури контрадикторни музички звуци и стилови. Методот не е оригинален во балкански рамки каде и пред тоа се компонирани музички дела од сличен тип, а познати се под различни термини (чалга, буг., laiko, грч., tallava, алб., manele, ром.), како и пошироко („Чаби“ Мароко, „Раи“, Алжир, „Ал Жил“, Египет, боливудска „Бангра“ музика, Индија, „Наркокоридос“, Мексико, „Румбитас“, Шпанија, и други, Ćirjaković, 15-17). Теоретичарите ги сметаат за одделни обиди за „урбанизација на фолк музиката“. Од другите одлики важни за споменување се лесно певливите стихови, едноставни рими без амбициозност за подлабока смисла на стиховите, истакнат еротизам и воспевање на сексуалноста, и така натаму.

За автор на самиот термин „турбо-фолк“ се смета Антоније Пушиќ, alias Рамбо Амадеус, кој терминот го сковал за шеговити и пародични намени, но тој постапно се преосмисли и почнал да се употребува за именување на овој жанр.

Турбофолкот се смета и за своевидна субкултура која е рефлексија на бурните деведесетти години, а се поврзува со транзицијата, криминализацијата, тајкунизацијата, проширување на општествените кризи и обидите преку оваа музика да се избега од таквата реалност, така што турбо-фолкот речиси без исклучок се вбројува во ескапистичките правци во музиката (Slavkova, 2). Покрај ова, турбо-фолкот функционира и како средство за изведување на процесот на „рекомпонирање или преосмислување на идентитетот“, и „ре-традиционализација“ (ibid.) на тој начин што новата материјалистички обременета и хедонистички настроена култура ќе ја спои и помири со фолк-елементите на своето поднебје. Потребата од  рекомпонирање на групните идентитети се одвива во кризни периоди каде низ „митолошки (потпомогнато) преродување на групниот идентитет се освежува и зацврстува социјалната организација на колективот“ (Мирчеа Елијаде). Се работи за цикличен културолошки процес кој се обидува да го апсорбира новото во старото, давајќи му нов белег и квалитет на нивниот спој.

Сумарно, турбо-фолкот од разбибрижен музички „жанр“ кој комбинира различни хетерогени елементи, се развива во субкултурен феномен кој отсликува подлабоки процеси во општеството како што е ревитализација на колективот и обиди за апсорпција на материјалистичката потрошувачка култура во постоечкиот етно-културолошки код.

Турбо-фолк музиката се слуша во голема мера и во Македонија, а ликовите на Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша имаат речиси култен статус кај својата бројна публика од овие простори. Во Македонија овој жанр се смета за „накалемен“, односно увезен од комерцијални причини од соседна Србија. Неговите интерпретации се распослани во широкиот дијапазон од еуфорично прифаќање и следење, до доживување како вулгарен простачки феномен и некаков-си карнелавистички ритуал на необразуваната класа. Градските власти натежнаа кон вториов пол и решија турбо-фолк музиката да ја забранат во превозните средства на јавното сообраќајно претпријатие од октомври 2011 (Скопјани ќе се возат со класика и техно, Кирилица, 5.10.2011).

Во ваков контекст интересна е појавата на ревитализација на локалното про-турбо-фолк творештво, во Македонија познато и како „новокомпонирана музика“, кое носи слични или идентични одлики со останатите пројави на овој жанр на Балканот. Иако „златните времиња“ на турбо-фолкот на Балканот се чини се далеку зад нас, сепак во Македонија тој во оваа 2012 година наоѓа плодно тло и пригода да се реактуелизира и ревитализира. Причините можат да бидат бројни, од општествена и морална криза, преку преосмислување на идентитетите на колективите, сé до пораст на национализмот. Најчесто низ комбинација на овие фактори и потребата од одреден ескапизам ваквите музички творби добиваат на актуелност и популарност.

Она што е поважно од (бес)смислата на стиховите подолу секако е прашањето каков поважен процес и промена овие творби олеснуваат или извршуваат? Македонија се соочува со сериозна криза на идентитетите, поделеност на различни основи и засилена сеграгација како по верска и етничка основа, така и на социјално-економски план. Во наш микро-контекст „воскреснатиот“ турбо-фолк претендира да биде „химна“ на класното раслојување на „богатиот“ од останатите и на воспевање на акумулацијата на капиталот. Тоа што политиката провејува и низ овие стихови, секако е сигнал дека нејзините прсти се длабоко вмешани во сите овие превирања потврдувајќи дека „демократскиот плурализам“ сé уште не успева да се ослободи од комунистичкиот холизам и потреба да контролира сé.

Kористени извори:

Čolović, Ivan (2000), Politika simbola, XX vek, Beograd.

Ćirjaković, Zoran (2011), „Turbofolk – Naš a svetski“, Fenomeni popularne kulture.

Slavkova,  Markéta (2010) „Еchoing the beаts of Turbo-folk: Popular Music and Nationalism in Ex-Yugoslavia“,  Urban People press.

Раденковиќ, Дарјан (2009), „Анализа на критиката на турбофолк културата“ (магистерски труд), Скопје.